Фејсбук се бори против лажни вести – блокираше 30 илјади профили во Франција

- Свет
999

Социјалната мрежа Фејсбук блокираше 30 илјади профили во Франција, се со цел да го спречи ширењето лажни вести, дезинформаци и спамови.

Фејсбук ја презеде оваа мерка против профилите кои ги нарушуваат условите за користење на социјалната мрежа, на  десет дена пред првиот круг од претседателските избори во Франција

Компанијата е подложена на силен притисок во Европа, каде владите во повеќе земји се закануваат со нови закони и казни, ако Фејсбук не ја отстрани екстремистичката пропаганда и други содржини, со кои се нарушуваат локалните закони.

Како се приближуваат изборите во Франција и Германија така расте и притисокот кон Твитер, Гугл и Јутјуб.

Facebook Коментари