Стујардеси од турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ помогнаа француска државјанка да роди дете на височина 13.000 метри, јави новинската агенција Анадолија.
Патничката родила дете во авионот, што патувал на релација Конакри (Гвинеја) – Уагадугу (Буркина Фасо) – Истанбул (Турција). За време на летот, Диаби Нафи добила контракции и стјуардесите биле принудени да станат акушерки. Мајката и новороденчето биле однесени во болница по слетувањето на авионот во Уагадугу.
Facebook Коментари