Лидерите на израелската лабуристичка партија решиле да ги одложат планираните внатрепартиски избори за еден ден (насместо на 3ти тие ќе се одржат на 4 јули). Оваа одлука е донесена поради тоа што на 3 јули американската поп sвезда Бритни Спирс има свој концерт во Израел
Лабуристите се плашат дека партиските избирачи нема да можат лесно да стигнат до избирачките места заради сообраќајниот метеж кој се очекува на денот на концертот на Спирс, но оцениле и дека потешко ќе ангажираат агенции за обезбедување.
Бритни Спирс, за прват ќе настапи во Израел, а нејзиниот концерт во Тел Авив е дел од азиската турнеја со која го промовира албумот „Glory“ кој беше издаден минатата година
Facebook Коментари