По oдлука на Папата Франциско, Римокатоличката црква нема да им дозволи на своите заедници да добиваат безглутенски леб и хостии во текот на причестувањето.
Во писмото, објавено на Рдио Ватикан, било наведено дека лебот и хостиите што се користат во текот на причестите мораат да бидат „нерасипани“, од чиста пченица. Хостијата без глутен ќе се смета за несоодтветна.
Во налогот на Папата Франциско, исто така било наведено дека виното „мора да биде природно, од плод на грозје, чисто, немешано со други супстанци“.
Ова писмо било објавено како реакција на појавата на безглутенски верски лебови во супермаркетите и на интернет.
Facebook Коментари