Петмина загинати при удар на мал авион во шопинг центар во Австралија

- Свет
651

Петмина патници загинаа кога мал авион од типот „бичкрафт“ удри во шопинг центар, веднаш по полетувањето од аеродром во близина на австралискиот град Мелбурн.

Портпаролот на полицијата во Мелбурн, Стивен Лин изјавил дека дефектот бил во моторот на леталото. Малиот авион веднаш по полетувањето од аеродромот „Есенден“ удрил во покривот на трговскиот центар, кој се наоѓа веднаш до крајот на пистата. Во него се наоѓале пет патници и веројатно никој не ја преживеа несреќата.

Facebook Коментари