Лев банер Десен банер

Почина уште една легенда – Kрис Рeа „отпатува дома за Божиќ“

Славниот британски пејач и кантавтор Крис Рeа, чии хитови го вклучуваат и „Driving Home For Christmas“, почина на 74-годишна возраст, на три дена пред Божиќ, соопшти портпаролот на неговото семејство, според „Гардијан“.

Реа се прослави со автентична мешавина на блуз, поп, соул и софт-рок, која му донесе светска слава низ 80-тите и 90-тите години на минатиот век. Во кариерата сними 25 студиски албуми, на кои се најдоа мегахитовите „The Road to Hell“, „Driving Home for Christmas“, „On the Beach“ и „Josephine“, меѓу другите. Тој има продадено над 30 милиони копии од неговите албуми.

Роден е во 1951 година во Мидлсбро од татко Италијанец и мајка Ирка, и имаше шест браќа и сестри.

StrugaOnline

error: