Словенија е првата европска земја која прогласи крај на епидемијата на коронавирусот

- Свет
1081

Словенечката влада синоќа прогласи крај на епидемијата на коронавирус, со што Словенија е првата европска земја која прогласи крај.

Националниот институт за јавно здравје процени дека сите показатели покажуваат дека ширењето на коронавирусот е забавено, односно дека се регистрирани вкупно 35 нови случаи на Ковид-19 во последните 14 дена. Сепак, бидејќи сè уште постои ризик од ширење на вирусот, некои рестриктивни мерки остануваат на сила.

Првиот потврден случај на коронавирус во Словенија е регистриран на 4 март, а до 13 мај биле потврдени 1.464 случаи. Од коронавирус починале 103 лица.

Епидемијата на коронавирус во Словенија беше прогласена на 12 март.

 

 

Facebook Коментари