Турски и руски воени авиони уништија објекти на ИД во Сирија

- Свет
739

Турски и руски воени авиони уништија објекти на ИД во Сирија и притоа се ликвидирани 22 припадници на ИД, соопшти турската армија.

russian-aircraft

Руските авиони уништиле цели на ИД во реонот на Дајр Как, на 8 км југозападни од градот Ал Баб. Дваесет и двајцата припадници на ИД биле убиени во напади на турските воени авиони и на турската ртилерија.

Пред повеќе од 4 месеци Турција почна со воена операција во Сирија за да протера одреди на ИД од границата на Сирија со Турција. Во изминатите недели турските сили почнаа со опсада врз сирискиот град Ал Баб.

Facebook Коментари