Лев банер Десен банер

Утре одбележување на 45-годишнината од раѓањето на Тоше Проески во Загреб

По повод 45-годишнината од раѓањето на Тоше Проески, која ќе се одбележи на 25 јануари 2026 година, љубителите на неговата музика и почитувачите на неговото дело ќе се потсетат на ликот и наследството на еден од најголемите музички уметници од овие простори.

Тоше Проески останува запаметен не само како исклучителен вокал и музичар, туку и како симбол на добрина, хуманост и искрена љубов кон луѓето. Неговиот глас ги надминуваше границите, а неговите пораки и денес живеат преку песните и хуманите дела што ги остави зад себе.

Во знак на сеќавање и благодарност за неизбришливиот траг што го остави, во недела, на 25 јануари 2026 година, на самиот ден на неговото раѓање, ќе се одржи парастос во православната црква „Св. Злата Мегленска“, на адреса Нова цеста 178 во Загреб, со почеток во 10:00 часот.

Молитвеното собирање ќе биде посветено на тивко и достоинствено одбележување на животот на Тоше Проески, неговото духовно и уметничко наследство, како и на пораките што и понатаму ги обединуваат луѓето.

Организаторите упатуваат отворена покана до сите фанови, почитувачи на неговиот лик и дело, како и до сите луѓе со отворено срце, да се придружат и заедно, во мир и заедништво, да му оддадат почит на човекот кој со својот глас ги лекуваше душите, а со своите дела го покажуваше патот.

Тоше Проески и понатаму живее во песните, во сеќавањата и во срцата на оние кои веруваат во љубовта, добрината и надежта.


StrugaOnline

error: