(ВИДЕО): Се одржа првиот избор на Мис за девојки во инвалидска количка

Aлександра Чичкова од Белорусија ја понесе титулата „Мис во инвалидска количка“, на првиот избор на Мис од ваков вид кој се одржа во Варшава (Полска). Чичкова е млада и убава девојка која има 23 години и е студент на психологија. На манифестацијата учествуваа 24 млади девојки од 19 држави.
Целта на манифестацијата е да се смени сликата за жените во инвалидски колички, изјави Катарзина Гиналска, една од организаторите и претседател на жирито.

