Прерано згаснатиот живот на оскаровецот Хит Леџер е темата на документарниот филм кој му е посветен токму нему, а носи наслов „I’m Heath Ledger“. Во објавениот трејлер можете да видите снимки кои ги снимал самиот актер и да се потсетите на убавата младост на sвездата од филмот „10 Things I hate about you“. Во филмот, чија премиера е закажана за 23 април најавено е дека ќе има интимни моменти од животот на Леџер, изјави на негови блиски пријатели како и интервју со неговата сестра. Хит Леџер почина во 2008 година на 28 годишна возраст, а се смета за еден од најамбициозните актери кои ги имал Холивуд .
Facebook Коментари