Лев банер Десен банер

Владимир Путин повторно ќе се кандидира за претседател на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека повторно ќе се кандидира за нов претседателски мандат на изборите кои што треба да се одржат во март идната година.

– Ќе се кандидирам за местото претседател на Руската Федерација, изјави Путин, при обраќањето пред работници во фабрика за автомобили во градот Нижњи Новгород.

Путин стана претседател на Русија во март 2000 година, а во 2004 беше реизбран. По завршувањето на вториот мандат, од 2008 до 2012 година ја предводеше руската влада, а во 2012 повторно стана претседател.

Засега, учество на претседателските избори најавија претседателот на Либерално-демократската партија Владимир Жириновски, лидерот на Комунистичката партија Генадиј Зјуганов, предводникот на либералната „Јаблоко“ Григориј Јавлински, новинарката Екатерина Гордон, активистката Ксенија Собчак и бизнисменот Борис Титов.

Извор: a1on

Strugaonline

error: