Во Грција прекинат синџир за шверц со дрога од Албанија

- Свет
934

Грчката полиција разби криминална група која шверцувала марихуана и кокаин од Албанија во Грција, јавија некои грчки медиуми.Во полициската акција се уапсени десет лица, меѓу кои девет Албанци и еден Грк. Мрежата ја контролирал Албанец со постојан престој во Албанија.
grcijasverc
При претрес на домовите и автомобилите на уапсените пронајдени се и запленети повеќе од 173 килограми канабис, околу 300 грама кокаин, над 77 илјади евра, пет автомобили, едно такси, ваги и мобилни телефони.
Во рамките на овој случај се испитуваат уште 113 случаи на трговија со дрога од членови на, сега веќе, растурената мрежа.

Facebook Коментари