Водител убиен додека емисијата му одела во живо на Facebook

- Свет
796

Луис Мануел Медина и Лео Мартинез се убиени во текот „живиот“ пренос на нивната радио емисија во Доминиканска република.

Медина во живо читал вести на преку Facebook, кога напаѓачил влегле во студиото и го убиле него и продуцентот Лео Мартинез. Злосторството се случило во трговски центар во Сан Педро де Макорис во Доминиканска република.

Луис бил водител и истакнат ди-џеј, а Мартинез продуцент и директор на радиото HICC.

Медина и Мартинез, се убиени во моментот додека ја работеле емисијата „Milenio Caliente“.

Според британскиот Guardian, секретарката Дајаба Гарсија била ранета во нападот. Таа била хоспитализирана, а поради сериозноста на повредите подоцна била оперирана.

Полицијата уапсила три лица, но сеуште против нив не биле подигнати обвиненија. Мотовите за нападот не се познати, а истрагата е во тек.

Facebook Коментари