Земјотрес од 7,8 степени во Турција, има загинати

- Свет
712

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди јужна Турција и беше почувствуван во голем дел од земјата како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија, покажуваат првичните податоци.

Според USGS, катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени се случил во 04:17 часот по локално време на длабочина од приближно 17,9 километри. Се стравува дека бројот на жртви би можел да биде многу поголем бидејќи земјотресот ги фати повеќето луѓе на спиење.

Официјалниот број на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега е повеќе од 300, а речиси 2.000 се повредени. Во тек е голема спасувачка операција.

Епицентарот на земјотресот бил во градот Нурдаги, во провинцијата Газиантеп.

Земјотрес е почувствуван и во турскиот град Дијарбекир, кој е оддалечен 350 километри од епицентарот, а најмалку 17 згради се урнале.

Потреси се почувствувани и во турската престолнина Анкара, 460 километри северозападно од епицентарот, како и во Кипар, каде што полицијата соопшти дека нема штета.

Извор и фото: Teлевизија 24

Facebook Коментари