Најмалку 36 луѓе загинале и уште 54 се повредени во тешката сообраќајна несреќа која се случила ноќта кон неделата во јужната сојузна индиска држава Андра Прадеш, соопшти полицијата.
Експресниот патнички воз излетал од шините околу 23:30 часот по локално време кај железничката станица Кунар, на 30 километри од градот Раигарх, во близна пренесува телевизијата NDTV. Во чиј извештај се истакнува дека повеќето настрадани се од вагоните за спиење, а излетале од шините 13 од 22 вагони во композицијата.
Facebook Коментари