Лев банер Десен банер

Во Македонија ќе се користат пластични пари

Во тек се подготовките за пуштање во оптек на првите пластични пари поточно банкноти од десет и педесет денари кои можат да се најдат на пазарот некаде кон крајот на оваа година.

Новите полимерни банкноти ќе бидат потешки за фалсификување, и можат да издржат и перење во машина, а се деформираат и топат на дури 120 степени.

Книжните пари брзо се оштетуваат и требаше да се повлечат од пазарот заменувајќи ги со кованите како опција за заштеда од скапото печатење. Уште од 2013 год. е престанато печатењето на книжните пари. Банкнотите од 10 и 50 денари се најупотребувани во платниот промет така што доаѓа до брзо оштетување и повторно печатење, и се така во круг. Од тие причини кованите пари се чинеше дека ќе бидат поисплатливи затоа што имаат подолг рок на траење но есапот не излезе добар затоа што кованите пари не се враќаат во платниот промет туку како да исчезнуваат, ги снемува. Граѓаните не се навикнати на овие ковани пари и често се случува да ги загубат.

Поради сето ова Народната банка одлучи да ги пушти во промет првите пластични пари во Македонија кои ќе бидат појаки и потрајни од таканаречените книжни пари.

Вакви пластични пари, поточно банкнота од 5 фунти пушти во промет Велика Британија во 2016 година, а во Канада се користат веќе цели две децении.

 

Од повеќето тестови се докажало дека полимерните пари се потрајни и појаки а Британската фунта е една од појаките валути која преминала на полимер.

error: