Антониа Гиговска и Денис Димоски – победници на „Кастинг талент шоу“

- Забава, Македонија
1725

Антониа Гиговска и Денис Димоски се победници на „Кастинг талент шоу”, кое изминативе два месеци се емитуваше на Канал 5 телевизија.

Денис-и-Антонија

Антониа и Денис беа одбрани од жирито на шоуто и ќе настапуваат во главните улоги во мјузиклот „Тајно моја” во МОБ, посветен на музичката легенда Тоше Проески. Антониа и Денис беа дел од шоута на Пинк телевизија минатите сезони, каде што не успеаа да остварат пласман меѓу првите места.

Во финалните дуели во суперфиналето на ова македонско шоу, Антониа настапи со „Немаш ни благодарам” од Тоше, во променет мјузикл аранжман. Во променет аранжман беше и „Тајно моја” која ја отпеа Денис со неговиот ривал, но членовите на жирито одлучија дел од Македонска Опера и Балет да стане Денис.

Facebook Коментари