Американската Академија за филмски уметности и науки на 97-та свеченост ги додели „Оскарите“ во „Долби театарот“ во Лос Анџелес.
Филмот „Анора“ на американскиот режисер Шон Бејкер е прогласен за најдобар филм на манифестацијата на 97-то доделување на Оскарите во Лос Анџелес во 2025 година. Во врвната категорија, нискобуџетната продукција за врската меѓу стриптизета од Њујорк и синот на руски олигарх победи, меѓу другото, против ватиканскиот трилер „Конклава“. Вкупно, филмот освои пет Оскари, меѓу кои и за најдобра женска улога, почест која ѝ припадна на 25-годишната американска актерка Мајки Медисон. Медисон победи, меѓу другите, против Деми Мур, која исто така важеше за фаворит.
Режисерот на „Анора“ Шон Бејкер ја доби наградата за најдобар режисер. Американскиот режисер го прими трофејот во театарот Долби во Холивуд. Филмот на 54-годишникот беше награден и за најдобра монтажа.
Три Оскари доби драмата „Бруталист“ – приказна за еврејски архитект кој сака да изгради нов живот во САД по Холокаустот. Главниот актер Адриен Броди го доби својот втор Оскар за улогата – така што Тимоти Шаламе, кој го играше музичарот Боб Дилан во „Целосно непознат“, си замина со празни раце.
„Злобница“ (Wicked) ja има најдобрата костимографија, „Субстанција“ (The Substance) – најдобра шминка, а „Дина 2“ – најдобри звучни и визуелни ефекти. „Конклава“ го доби Оскарот за најдобро адаптирано сценарио.
Оскарот за најдобра споредна машка улога му припадна на Киран Калкин („Вистинска болка“). Наградата за најдобра споредна женска улога ја доби Зои Салдања („Емилија Перез“), која со солзи ја спомна мајка си на сцената и се присети дека и самата е дете на имигранти. Наградата ја доби за улога во која пееше и зборуваше шпански. „Ова е за баба ми“.
Бразилскиот „Уште сум тука“ е прогласен за најдобар странски филм, додека хрватскиот „Човекот кој не можеше да молчи“ не победи во категоријата краток игран филм.
Најградата за документарен филм отиде кај „Нема друга земја“ (No Other Land), во палестинско-норвешка ко-продукција.
StrugaOnline
Facebook Коментари