На 5-ти и 6-ти јануари, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, ќе се случи културен настан во организација на Здружението за култура ИНКА од Струга.
Како дел од летниот ДримОН фестивал ова ќе биде Off зимски настан.
На 5-ти јануари, во Бистро КалаПалаК ќе има изложба на постери на тимот на ИНКА направени за ArtvertizingForFairpress кампањата. Ќе има и промоција на новиот број на списанието Лице в лице и музичка листа на Leni von Geleva.
На 6-ти јануари, Викторија Попоска ќе се претстави со својата прва самостојна изложба „Запознавање“, која ќе биде поставена во Галерија „Коџоман“. Никола Тодороски ќе се претстави со сатиричната монодрама „Писма од земјата“ – според Марк Твен. Вечерта ќе се заокружи со концерт на Fighting Windmills и DJ-ски сет на Maggie, младата гордост на промотерската куќа BTKRSH. Нашиот Ди џеј Боби ќе биде загревање на овој настан.
Блок влезницата за настаните е 200 денари.
Влезница за еден настан и консумација чини 150 денари.
Facebook Коментари