( ФОТОГАЛЕРИЈА) Калиопи блесна на фестивалот „Златни денови“

- Забава
1032

За време на втората вечерод 4та година по ред на „Златни денови“ во Кратово публиката беше понесена одпрекрасното пеење на ѕвездата на вечерта и фестивалот, феноменалната, Калиопи.Градот ечеше од еуфорија и забаваод незаборавната музика и пеење.Манифестацијата традиционално ја водеше единствената, Лила Стојановска.

Ноќта беше исполнета и од звуците на Етно составот – Вез од Штип кои ги исполнија неколку од најубавите македонски народни песни. Одлична забава приредија и незаменливите Пеперминт, а цело Кратово беше понесено и од Tribute to Бјело Дугме од Нови Сад кои ги свиреа најпознатите хитови на легендарните Бјело Дугме.

Забавата, како и секоја година, продолжи во базен дискотеката во Кратово.

Во недела, традиционално, се оддржа забава и за најмалите, оваа година позната како 3Д Журка – Дневна Детска Дискотека.Голем број на дечиња уживаа и се забавува со Ивце Пивце, добра музика, многу игри, награди и маскирани гости. На крајот на настанот добри мисли и убави желби испишани на балони, симболично беа “ослободени” од страна на присутните дечиња.

„Златни денови“ во Кратово беше одлична можност посетителите да се запознаат со историјата и културата на овој незаменлив град уживајќи во музика за сечиј вкус.

Facebook Коментари