Ѓоко Танески и Елена Велевска за дочекот на 2017 во Охрид

За разлика од Струга кој веќе неколку години ништо не се организира за дочек на новата година, Охрид традиционално секој дочек го прави исполнет со квалитетна програма. Оваа година поп пејачот Ѓоко Танески и фолкерката Елена Велевска ќе ги забавуваат охриѓани и гостите во градот на испраќањето на старата и дочекот на новата 2017 година. Оваа информација денеска ја соопштија од локалната самоуправа.

Предновогодишниот хепенинг ќе започне на 31 декември во 12 часот со настап на ди-џеј Аце, а од 22 до 22 часот и 45 минути настапува ди-џеј Нести. По нивниот перформанс следува настапот на Ѓоко Танески, а Новата 2017 година, присутните на забавата на отворено, ќе ја дочекаат со Елена Велевска.

