Голем предновогодишен хепенинг “Заедно за Струга”

- Забава, Локални
403

Голем  културно-забавен  настан „Заедно за Струга – со музика, песни и игри“  ќе се одржи на 22 декември 2016 (четврток) со почеток во 18:00 часот во хотел „Дрим“ во Струга (Конгресна Сала).

х дрим

На настанот ќе настапат хорови, вокални групи и оркестри од основните и средните училишта од Вевчани, Струга и струшко.
-На настанот се добредојдени сите граѓани од Струга, Вевчани и околината, кои сакаат да живеат тука, кои веруваат дека соживотот и соработката е вистинскиот избор за нашиот регион, и кои се спремни да го дадат својот придонес вклучувајќи се во нашите активности во следните три години. Овој настан е дел од нашиот проект “Декада на припадност – Славење на различностите”, чија цел е да придонесе за подобрување на меѓуетничките односи во југозападниот регион, преку зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, јавниот и приватниот сектор. Во тек сме на реализирање на различни активности како летен мултикултурен фестивал, мешан регионален хор, младинско списание, танцови работилници и музички настани, кулинарски доживувања, урбани резиденции со кои предвидуваме дека ќе го предизвикаме интересот кај граѓаните од сите возрасни и етнички групи да се вклучат и заеднички да ги направиме нашите заедници пријатни и посакувани места за живеење, велат организаторите.
Проектот е финансиран од Европската Унија.
Проектот го имплементираат Локална агенција за развој од Струга и Граѓанската организација „Креативни и активни“ од Струга.

 

Facebook Коментари