Хуманитарен концерт на Тамара Тодевска вечерва за помош на семејствата на починатите граѓани во Кочани

- Забава, Македонија
161

Хуманитарен концерт на Тамара Тодевска вечерва кој ќе се одржи во МКЦ, Скопје од 20:00 часот.

Концертот се одржува во знак на поддршка и собирање помош по големата несреќа во која животот го изгубија повеќе од 60 лица во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

-Хуманитарниот концерт за Кочани ќе биде едно поинакво доживување од сите претходни мои концерти, настапи на кои сте присуствувале. Сакаме да создадеме една поинаква, интимна вечер која на достоинствен начин ќе оддаде почит на сите жртви од трагедијата во Кочани, но и ќе се потсетиме на врвните наши уметници, мои колеги и пријатели кои прерано си заминаа од овој свет, вели Тамара.

StrugaOnline

Facebook Коментари