Македонија во првата полуфинална вечер на Евросонг 2018

- Забава
943

Започнаа подготовките за 63-то издание на „Евросонг“. Со вчерашното влечење ждрепка веќе е познато и која земја во која полуфинална вечер ќе настапува. Извлекувањето се емитуваше во живо на евровизискиот канал на Јутјуб.

Поради непарниот број на учесници, полуфиналистите се поделени на 19 во првата и 18 во втората полуфинална вечер.Македонија беше извлечена  последна, а нашиот претставник или претставничка ќе настапи во втората половина од првата полуфинална вечер на 8 мај.

Заедно со нас ќе се натпреваруваат и нашите соседи Бугарија, Албанија, Грција и Хрватска, како и Белорусија, Литванија, Чешка, Белгија, Исланд, Азербејџан, Израел, Естонија, Швајцарија, Финска, Австрија, Ирска, Ерменија и Кипар. Во втората полуфинална вечер, на 10 мај, ќе се натпреваруваат: Русија, Србија, Данска, Романија, Австралија, Н0рвешка, Молдавија, Сан Марино, Холандија, Црна Гора, Шведска, Унгарија, Малта, Летонија, Грузија, Полска, Словенија и Украина.

Редоследот на настапи за самиот настан ќе биде дополнително утврден.

МРТ неодамна распиша конкурс за нашата евровизиска песна, а домашните и странските автори можат да ги праќаат своите композиции најдоцна до 8 февруари. Потоа, врз основа на избраната композиција ќе биде предложен и изведувач или група изведувачи што би нè претставувал/е во Лисабон.

Facebook Коментари