Миранда од „Сексот и градот“ ќе се кандидира за гуверенер на Њујорк

- Забава
1024

Aктерката Синтија Никсон која во  популарната американска серија “Сексот и градот” ја глумеше улогата на Миранда  сака да се  кандидира за гувернер на Њујорк, пишува “Волстрит џурнал”.

Според информација на весникот, 51-годишната актерка која ја играше адвокатката Миранда може да ја добие поддршката на либералните политички сили.

“Таа е нестандардна кандидатка со широки можности, која ќе ги инспирира луѓето”,  изјавил  директорот на Унијата за квалитетно образование (Alliance for Quality Education) Бил Јистон.

Во 2013-та Синтија Никсон  учествуваше во изборниот штаб на актуелниот градоначалник на Њујорк Бил де Блазио.

Facebook Коментари