Награди и Гала концерт на „Езерски бисери 2017“

- Забава
1418

Вчера на сцената на Центарот за култура во Струга блеснаа бројни  уметници кои зедоа учество на   меѓународниот арт фестивал „Езерски бисери 2017“. На натпреварите во класика и естраден вокал се претставија учесници од Русија, Белорусија, Македонија, Косово, Израел, Литванија, Бугарија, Полска.

Интернационалното жири ги додели наградите лауреат прв степен во класична музика на Стојан Стојанов и Мартин Милески (гитара).

Наградите лауреат прв степен во естраден вокал ги добија учесници во повеќе возрасни групи: Силвиа Рубин, Марија Белјакович, Аугусте Нонбеко, Марија Магиљнаја, Мина Блажев, Емили Купер, Аалија Коне, Арина Пехтерева, Полозова Софија, Александра Татохина, Тали Купер, Василиса Савкина, Александра Урбанска.

Во рамките на фестивалските активности од 4.-14. август, учесниците присуствуваа на повеќе мастер класови, ги посетија Охрид и Свети Наум, а  се одржа и вечер на македонската традиција на која настапи и КУД „Дримкол“  на воодушевување на странските учесници. Денеска по мастер класовите е планирана посета на Вевчани.

Утре ќе се одржи и натпревар во естраден вокал (дуети и ансамбли), а од 20:30 е доделувањето на наградите. Најдобриот учесник ќе добие награда Гран при, фестивалска статуетка и парична награда од 1000 долари. Фестивалот „Езерски бисери“ ги поканува сите љубители на уметноста да дојдат на Гала концертот во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, Струга од 21 ч. и  да уживаат во најдобрите и најатрактивни настапи на извонредни пејачи и танчери. Влезот е бесплатен.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари