Глобалниот музички феномен од Атланта и најпопуларната светска рап група Migos пристигнува на главната бина на Exit! Овогодишните апсолутни хедлајнери на водечките фестивали, на официјално најдобриот европски голем фестивал доаѓаат од врвот на американската топ листа на албуми на која прво место освоија со дури два албуми. Така, за само година дена станаа една од вкупно петте рап групи на кои овој успех им успеал во кариерата, а со вртоглави 15 нумери кои истовремено се најдоа на американската топ-листа, Migos срушија рекорд стар 54 години кој пред нив го имаа само Битлси! Триото во кое членуваат Quavo, Offset и Takeoff го освои светот прво со хитовите „Versace“ и „Look At My Dab“, за во 2016-та година нивниот мегахит „Bad and Boujee“ да инкасира повеќе од 600 милиони „ЈуТјуб“ прегледувања и да го држи светскиот трон цели четири недели и покрај тоа што излезе во исто време како и мегахитот на Ed Sheeran „Shape of You“! Додека „Гардијан“ ги споредува со Битлси, „Ролинг Стоун“ ги прогласи за групата која ја обликува популарната култура! И во моментов најбараниот холивудски актер Доналд Гловер во својот победнички говор на Златен глобус за Migos изјави: „Тие се Битлси на оваа генерација“! Со две Греми номинации и плејада ѕвезди со кои соработуваат како што се Pharrell, Nicki Minaj, Drake, Gucci Mane, Katy Perry, Justin Bieber, Cardi B и бројни други актери во оваа вистинска планетарна „Мигоманија“, јасно е дека популарната тројка од Атланта уште долго ќе владее со светската сцена!
Актуелната 2018-та е веќе нивна година, од бр. 1 албумот до настапите на полувремето на еден од најголемите спортски настани во светот, NBA All-Stars викендот одржан во Лос Анџелес. Како да тоа не е доволно, еден од „Мигосите“, Quavo, на истиот настан, но на All-Stars натпреварот на славни личности, ја освои титулата за најзначаен натпреварувач (MVP) играјќи во тимот со ѕвезди како што се Вин Батлер од групата Arcade Fire и глумците Џејми Фокс и Крис Ву. Покрај него, оваа тројка ја сочинуваат уште и Offset и Takeoff, а во составот на Migos играат од 2009-та година. Се пробија на сцената со своето прво издание од 2013-та година „Young Rich Niggas“ и синглот „Versace“, кој во 2016-та достигна златен тираж откако Drake направи ремикс за оваа песна и го постави триото во центарот на внимание на американската јавност. „Bad and Boujee“, носечката нумера на нивниот следен албум „Culture“, прерасна во своевиден интернет феномен и дел од „меме“ културата, достигнувајќи вртоглав четирикратно платинест тираж и стана омилена во клубовите ширум светот, на радио станиците, но и фаворит на славните личности! Самиот албум е вклучен во најдобрите изданија во 2017-та година од страна на најголемите музички медиуми како што се Rolling Stone, Pitchfork, Stereogum, Clash, Consequence of Sound и многу други, а само по неколку недели од објавувањето овој успех го надмина актуелниот следбеник „Culture II“.
EXIT фестивал ќе се одржи од 12-ти до 15-ти јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад и ќе претстави некои од најдобрите светски, регионални и домашни музички ѕвезди како што се Ziggy Marley, Fever Ray, Alice Merton, Richie Hawtin, Adam Beyer b2b Ida Engberg, Maceo Plex, Nina Kraviz, Solomun, Amelie Lens, Ben Klock, Jax Jones, Ofenbach, Mahmut Orhan, Carl Craig, Tale of Us, Sevdaliza, Burak Yeter, Madball, Brujeria, Ofenbach, Slapshot, Dog Eat Dog, Slaves, Idles, Asphyx, Bombers и многу други. Влезниците по промотивната цена со 60% попуст во однос на финалната, за 3580 денари се во продажба во Македонија преку МкТикест и во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат), додека на сајтот на официјалната туристичка агенција exittrip.org достапни се и туристички пакети кои покрај влезниците, содржат и опции за сместување и превоз до EXIT фестивалот.
Strugaonline
Facebook Коментари