Охриѓани вечерва ќе уживаат во концертот на легендарните „Бијело Дугме“

- Забава
929

Со концертот на легендарните „Бијело дугме“, вечерва на стадионот „Билјанини извори“ ќе биде означен крајот на  второто издание на фестивалот „Ohrid Calling“.

После незаборавнот концерт одржан во Скопје пред неколку месеци  Горан Бреговиќ, Младен Војичиќ-Тифа и Ален Исламовиќ повторно се враќаат во Македонија, каде секогаш има прекрасна и распеана публика.

„Авалон продукција“ претходно најави дека вечерашниот концерт ќе биде по сите светски стандарди и ќе трае повеќе од два и пол часа, што е дополнителен мотив да се ужива во концертот на  „Бијело дугме“ кои ќе создадат прекрасна атмосфера под отворено небо.  Почетокот е закажан за 22:30 часот.

 

 

Facebook Коментари