“Предновогодишна кирилица” – голем хуманитарен концерт во Охрид

- Забава
651

Голем хуманитарен концерт ќе се одржи во понеделник (26-ти декември) во Центарот за култура „Григор Прличев“.

humanitaren-koncert-768x298

– Традицијата продолжува… Ние аматерите од ОСУ „Св. Климент Охридски“- Охрид (Гимназијата) ве покануваме на настанот за кој потоа се зборува цела година. Да запееме во нотите на песните од нашите простори и низ песна и игра уште еднаш да покажеме зошто сме тие што сме единствени и пред се хумани, се вели во најавата за настанот, чиј организатор е професорот Стефан Каневче.

Организаторите гарантираат единствена забава, за која ќе се зборува цела година. Како специјални гости на настанот се најавени Backdoor band.

Концертот под наслов „Предновогодишна кирилица“ е закажан за 20 часот.

Извор: ОХРИД 24

Facebook Коментари