Презентација на современа танцова програма на студентите од ФМУ-УКИМ од класата на вонр. проф. Искра Шукарова – Катедра за балетска педагогија

- Забава
1186

 На 21.06.2017 во 19:00 часот, на малата сцена на Македонската опера и балет ќе се прикаже програмата на студентите од Факултетот за музичка уметност – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од класата на вонр. проф. Искра Шукарова-Катедра за балетска педагогија. Програмата ја сочинуваат етиди и танцови вежби кои студентите од прва до четврта година ги разработуваа низ текот на последниот семестар. Вонр. проф. Шукарова се повикува на методите на теоретичарот Рудолф фон Лабан како основа за совладување на практичните принципи кои ги интегрираат просторните и динамичките компоненти во кореографската структура.

Истата вечер за прв пат ќе биде покажана најновата кореографија, поточно работа во процес на Шукарова насловена Чудна Шума Учествуваат студентите: Јана Петровска, Теодора Ежовска, Христина Ангеловска, Бојан Мицев, Марија Ристеска и Олга Серафимова. Делото ги испитува животинските форми во релација со човечкото тело

Како дел од програмата ќе биде прикажан и испитниот материјал на студентите од втора година по предметот Модерен танц на познатиот кореограф Игор Киров и неговиот асистент Елена Антонова Петровик, каде студентите изведуваат лични дела под менторство на Елена Антонова Петровик.
Влезот е слободен.

Facebook Коментари