Се прават последните подготовки за најновото издание на фестивалот „Макфест“

- Забава
832

Организациониот одбор на фестивалот на забавна музика „Макфест“ соопшти дека се прават последните подготовки за одржување на фестивалот кој годинава го врати стариот термин. Трите фестивалски вечери ќе се одржат на 5-ти, 6-ти и 7-ми октомври. Фестивалот ќе се одржи во Домот на културата во Штип,  а на истиот ќе бидат изведени 30 композиции. Боби Мојсовски, Мартинијан Кириловски, Антонија Гиговска , Наде Талеска се само дел од музичарите од домашната сцена кои ќе ги видиме на макфестовската сцена. На интернационалната вечер ќе настапат шест авторски и пејачки тимови од Таџекистан, Азербејџан, Бугарија, Шведска, Финска и Белорусија.

Facebook Коментари