„Си Денс“ е комплетиран, во Црна Гора доаѓаат Најл Роџерс, ДВЛМ, Калкбренер, Нина и планетарните хитови!

- Забава, Свет
950

Во плејадата култни имиња, хитмејкери и изведувачи од светската и регионалната музичка сцена на овогодишниот петти јубилеен Си Денс (Sea Dance) фестивал ќе се придружи и бендот чие име е нераскинливо поврзано со рок музиката на овие простори, групата Бајага и Инструктори, но и еден од најавтентичните уметници на балканските простори, светскиот мега-цар Рамбо Амадеус. Со ова е комплетирана програмата и започнува одбројувањето за највозбудливата завршница на летната сезона – остануваат уште само 10 дена до спектакуларното петто издание на Си Денс фестивалот, кое ќе ги собере некои од најголемите светски и регионални ѕвезди кои со своето творештво ги креираа трендовите на музичката индустрија и хитмејкерите чии наградувани нумери станаа генерациски химни и заедно бројат милијарди ЈуТјуб прегледувања! Погледнете кој сѐ ќе настапи на овогодишниот фестивал, споделете го ова видео на својот Фејсбук профил со хаштаг #SeaDance најдоцна до 27-ми август и можете да освоите влезници и други одлични награди!

Тиркизниот залив на плажата Буљарица во Будва, од четврток 30-ти август до сабота 1-ви септември ќе биде домаќин на Си Денс Фестивал кој годинава ќе ги пречека живата легенда и еден од најголемите музички продуценти во историјата на музичката индустрија Најл Роџерс (Nile Rodgers) и групата Шик (Chic). Едноставно е невозможно да се направи селекција на бројните хитови кои ги има создадено овој уметник, а кои ги отпеаја најголемите музички ѕвезди како што се Дејвид Боуви, Мадона, Дјуран Дјуран, Кајли Миног и многу други. Вечните нумери „Le Freak”, „Get Lucky”, „I Want Your Love”, „We Are Family”, „Let’s Dance”, се само некои од нумерите кои публиката на овогодишниот фестивал хорски ќе ги запее заедно со овој блескав уметник. Настапите на кралевите на фестивалската денс сцена и официјално најдоброто диџејско дуо Димитри Вегас и Лајк Мајк (Dimitri Vegas & Like Mike) долго се прераскажуваат, а едно такво шоу тие подготвуваат и за нивниот настап на Си Денс. Со нетрпение чекаме да ги завртат „Complicated”, „The Hum”, „Mammoth”, а стејџот сигурно ќе зоврие уште на првиот тон од хитот „Tremor”. На главната фестивалска бина Addiko Main Stage, доаѓа и незапирливата рок авторка на новата генерација и ѕвезда на ЕГЗИТ (EXIT) фестивалот, Алис Мертон (Alice Merton). Музичката химна „No Roots” ја одбележа минатата година покорувајќи ги светските топ листи, на кои во моментов е нејзиниот нов хит „Lash Out”, а со својот енергичен настап таа ќе ги освои и срцата на фановите во самата завршница на фестивалот.

Симболот на Берлин и водечкиот светски електронски продуцент Пол Калкбренер (Paul Kalkbrenner) подготви бомбастичен настап во живо за свето прво гостување во Црна Гора, со мултиплатинестиот хит „Sky & Sand”, но и низа непроценливи нумери од седумте студиски албуми кои во изминатите две децении ги поместија границите на електронската музика. Публиката ќе има прилика во живо да ги чуе и ремек делата од неодамна објавениот албум „Parts Of Life” кој предизвика неподелено воодушевување кај милионите фанови кои овој славен берлинец ги има на социјалните мрежи. Возбудата расте и кога е во прашање овогодишната, одлична екипа на No Sleep бината која ја предводи иконата на електронскиот звук и која важи за еден од водечките диџеи на денешницата Нина Кравиц (Nina Kraviz)! Нејзините фуриозни техно сетови, освен што имаат главна позиција на сите водечки електронски фестивали, допираат и до најголемите светски чуда, па оваа година Нина стана и првата диџејска ѕвезда во историјата која настапила на Кинескиот ѕид. Со неа на No Sleep плажата ќе настапат и ѕвездите на новата генерација како што се Дакс Џеј (Dax J), Антигон (Antigone), Франсоа Екс (Francois X), Иглс енд Батерфлајс (Eagles & Butterflies), Шломо (Shlomo), Софиа Родина и други.

Директно од врвовите на светските топ листи на Си Денс пристигнуваат хитовите на белгиската суперѕвезда Лост Фриквенсис (Lost Frequencies) „Are You With Me”, „Reality”, „Crazy”, „Beautiful Life” кој атмосферата на големата прослава за јубилејниот Си Денс Фестивал ќе ја доведe до вриење. А по настапот на главната бина на Егзит, ќе му се придружи и хитмејкерот од Амстердам, со турско потекло, Бурак Јетер (Burak Yeter), чиј сингл „Tuesday” речиси со хипнотично дејство изби меѓу најслушаните песни во годината зад нас. Во истиот ритам ќе се танцува и со диџејското дуо Филатов и Карас (Filatov & Karas), и нивните интернационални хитови „Don’t Be So Shy”, „Time Won’t Wait”, „Satellite” и многуте други.

На фестивалот пристигнува и досега најсилниот состав на регионални и домашни изведувачи во кој на повикот на славеничкиот фестивал се одзваа Ван Гог, Бајага и Инструктори, Хладно Пиво, Рамбо Амадеус, Марко Настиќ, Сајси Ем-Си, Марко Луис, Стерео Банана, Крешо Бенгалка, Војко В, Ху Си, Илија Ѓокиќ, Лаг, ДЈ Џок, Александар Грум, Шугар Лоби и бројни други.

StrugaOnline

Facebook Коментари