Слаткаристика го промовираше видео записот за новата песна „Амстердам“

- Забава
1351

Македонскиот Хип Хоп артист Слаткаристика од неодамна стана почесен 18 -ти член на Здружениото за канабис и зелени политики „Билка“, по тој повод викендов во Универзална Сала го промовираше новиот спот и новата песна “Амстердам“. На прес конференцијата Слаткаристика изјави дека дека треба да сме лидери во нашиот регион и дека само со легализација и декриминализација на канабисот ќе ја донесеме “европа“ дома.

Слаткаристика се потпишува како автор на музиката и текстот, аранжманот го потпишува продуцентот Иван Јованов – Iwayo, видео спотот беше изработен од Мелем продукција, а со режисерската палга диригираше Огнен Шапковски.

Видео записот за најновата песна на Слаткаристика е снимен на повеќе урбани локации во Амстердам вклучително и улицата на црвените фенери.

 

Facebook Коментари