(ВИДЕО) Бони Тајлер ja изведе „Total Eclipse“ за време на помрачувањето

- Забава
1200

Легендарната Бони Тајлер во живо го изведе најголемиот хит во својата кариера „Total Eclipse“ за време на помрачувањето на сонцето. Спектакуларната изведба се случи за време на крстарење со бродот Royal Caribbean.

Тајрел ја пее песната пред почетокот на овој феномен кој не се случил последниве 99 години, а запира токму во моментот кога настапува помрачувањето. Инаку бродот запловил од Орландо и застанал на соодветно место за патниците да имаат можност на најдобар начин да го видат и доживеат моментот кога настапило помрачувањето.

Милиони Американци со заштитни очила, телескопи и други соодветни  направи имаа можност да го проследат целосното затемнување на Сонцето односно  2 минути во кои Месечината се наоѓаше директно пред Сонцето, предизвикувајќи речиси целосна темнина и нагло намалување на температурата. Сепак, се чини најсреќни беа оние кои патуваа со бродот во кој Бони Тајрел го направи дожививањето уште поспектакуларно.

Facebook Коментари