Во тек е пријавувањето за ROCK FEST 2018

- Забава
925

ROCK FEST 2018, ќе се одржи на 27, 28 и 29 април во МКЦ. Оваа година фестивалот е во организација на Баги Комуникации.


Конкурсот за пријавување веќе е отворен и ќе трае до 1 април. Сите заинтересирани групи може да се пријават на [email protected]. Пријавата треба да содржи:
– име на бендот
– снимки од најмалку три авторски песни (не е задолжително снимката да биде професионална, таа може да биде и демо-снимка)
– стил на музиката што ја свири
– кратка биографија на групата
– имиња на членовите
– фотографија
– контакт-телефон, e-mail, фејсбук-страница или веб-страница

Facebook Коментари