Започнува второто издание на фестивалот „Ohrid Calling“

- Забава
1071

Eден од најпознатите светски музички артисти на денешницата, суперпопуларниот диџеј Nick van de Wall односно Afrojack, вечерва на стадионот Билјанини извори“  ќе го означи почетокот на второто издание на фестивалот  „Ohrid Calling“.

 Afrojack зад себе има Греми награда, а неколку години по ред, како и годинава, се наоѓа во топ 10 најдобри диџеи според сите релевантни диџеј листи.
Nick van de Wall, во јавноста познат како AFROJACK е меѓудругото е познат и со соработките со David Guetta, Beyonce, Pitbull, Ne-Yo, Nicki Minaj и Skrillex, коишто се само дел од светски познатите музичари со кои тој досега соработувал. Светската популарност ја стекнува со првиот албум, насловен „Forget the World“ кој го лансираше во ѕвездите и му го осигура место на сите големи светски и европски фестивали, како: Ultra Music Festivals, Tomorrowland, а тука се и редовните резидент свирки во клубовите низ Ибица.
„Инаку од оваа година, фестивалот OHRID CALLING ќе добие една поинаква димензија, па така фестивалот кој за брзо време стана препознатлив бренд во Македонија и на Балканот, годинава ќе трае два дена, од 01 до 02-ри август, со што Охрид навистина ќе стане огромна туристичка атракција ова лето за посетителите од цела Европа.“ – велат  од Авалон Продукција.

 

Атмосферата најпрво ќе ја загреат DuoZ  и специјалниот гостин Kortexx, а забавата вечерва ќе ја заокружи DJ Alexandar од Охрид

Утревечер на големата сцена на Ohrid Calling  , ќе настапи  суперстар диџејот Hardwell, кој претставува звучно име на клупската светска сцена. Истата вечер ќе настапат и Cyrillic и Galoski.

bijelo_dugme_640x360

Во петок  на „Билјанини извори“, ќе настапи легендарната Балканска музичка група „Бијело Дугме“

Извор: Strugaonline/ „Ohrid Calling“ fb

Facebook Коментари