Eдно англиско семејство сосема заслужено го носи епитетот „најборојно семејство во Англија“, имено брачниот пар го доби и своето дваесетто дете. За metro.co.uk , тие велат дека ова е нивното последно бебе. Среќни се што се многубројни, но сметаат дека на бројката од 20 деца е време да се застане. 20-то бебе кој е 11-ти син во семејството се вика Арчи и е родено дваесет и осум години после првото бебе кое го добило семејството кога мајката имала само 14 години.
Семејството живее во куќа со 10 спални и има возило за 15 други лица, што повеќе не е доволно ако сакаат да патуваат заедно.
На својот сајт тие напишале: „Никогаш не замислувавме дека кога го добивме Крис, ќе бидеме благословени со уште 19 други прекрасни деца. Во домот на Редфорд секогаш е турканица, напорно се работи и малку е лудо, но ние секако не знаеме поинаку“. Су и Ноел станале баба и дедо кога нивната ќерка Софи станала мајка. Софи сега има три деца.
Facebook Коментари