Билетите за „Златна бубамара на популарноста“ распродадени за 45 минути

- Занимливо
1218

„Билетите за најголемиот музички спектакл, Златна буба мара на популарноста, кој годинава се одржува на 22 февруари во ВИП арената „Борис Трајковски“, вчера на пладне беа пуштени во продажба и распродадени за само – 45 минути.

Поради големиот интерес и повеќе од 9000 побарувања преку он-лајн сервисот www.mktickets.mk организаторот наредниве денови ќе ги извести заинтересираните за подобар живот дали ќе обезбеди уште едно количество билети преку он-лајн продажба“ стои во соопштението на Златна Бубамара.

 

Facebook Коментари