Бојата на облеката која ја преферираме многу открива и говори за нашиот карактер. Љубителите на црвената боја го живеат животот и уживеат во него во потполност. Одлучни се, со цврст карактер и стравствени. Се верува дека љубителите на црвената боја лесно ги заобиколуваат препреките и подготвени се да пробаат нови работи во животот.
Љубителите на белата боја се сметаат за многу организирани луѓе. Кај нив не постои хаос, многу се уредни и чисти.
Жолтата боја покажува дека уживате во процесот на учење и сакате знаењето да го делите со другите.
Љубителите на зелена боја се приврзани, верни и искрени. Исто така, свесни се за мислењето кое другите луѓе го имаат за нив и истото им е многу важно. Жената која носи облека со зелена боја е опкружена со таинственост.
Црната боја е боја на исполнетите и зрели луѓе. Исто така се смета и за боја на луксузот и елеганцијата. Луѓето кои најмногу облекуваат црни парчиња облека на тој начин го покажуваат својот авторитет.
Љубителите на љиљаковата боја се уметнички ориентирани и едноставни, но и разумни.
Сината боја симболизира верност, самодоверба и самоконтрола. Луѓето кои сакаат да носат сина облека се многу сериозни и ретко се смеат.
Facebook Коментари