„Најпопуларниот пејач на Балканот , во текот на својот краток живот, кој на 16 октомври го прекина тешката сообраќајна несреќа, успеа како никој пред него да ја надмине разликата меѓу народот и културата на просторот на југот на Европа каде последните децении беа одбележани со војни и кризи.“ – вака Британскоот весник „Тајмс“ го опишува нашиот Тоше Проески во статијата која му ја посветува.
Познатиот и престижен весник статијата за најпопуларниот пејач на Балканот ја смести во во рубриката за животот и работата на познатите британски и светски научници, политичари или уметници.
Веста за смртта на Тоше Проески во поранешните републики е примена со шок сличен на оној кој своевремено го доживеаа обожувателите на Елвис Присли или Џон Ленон, пишува „Тајмс“, додавајќи дека собранието во државата на денот ја прекина седницата и целиот народ излезе на плоштадот или во некоја од црквите со цел да запали свеќа или однесе цвеќе во негова чест. Исто така се наведува дека Проески, покрај тоа што изгради успешна кариера како музичар, беше и амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ.
Во статијата се става акцент и на хуманитарната дејност на Тоше Проески при што се споменуваат хуманитарните концерти низ Балканот и неговото неуморно собирање средства и помош за сиромашните и децата со пречки во развојот. Опишувајќи го Тоше, , „Тајмс“ пишува и за неговиот последен концерт кој се одржа на 5-ти октомври 2007 година.
„Последниот концерт, кој се одржа на 5 октомври во Скопје пред 30.000 посетители од сите републики на поранешна Југославија, Проески по свој обичај го заврши со зборовите „Сите ве сакам“,- пишува Тајмс
Facebook Коментари