Дали мостот на Нина во Струга, станува мост на љубовта?

- Занимливо
3236

По примерот од некои европски градови, млади струшки парови почнаа да ја заклучуваат љубовта ставајќи катанци на оградата на старо-новиот мост во Струга, а верувањата се дека на тој начин парот ќе има вечна љубов.

3

Според неколку извори, вакви места на кои се прикачуваат катанци постојат подолго време, но нема точна информација од каде започнало сето ова. Во Европа, љубовните катанци започнаа да се појавуваат на почетокот на овој милениум. Најпрво тие се појавија во Рим, на мостот „Ponte Milvio“, но тоа е благодарение на книгата „I Want You“ од италијанскиот автор Федерико Моча, за кој потоа се направи и филмска адаптација.

4

Во градот Келн, Германија се наоѓа познатиот мост „Hohenzollernbruecke“, чија ограда е преплавена со илјадници катанци. Феноменот наречен „Љубовни катанци“, за кој многумина веруваат дека почнал од Италија, претставува нов вид вандализам за искажување љубов, преку кој младите заклучуваат катанец на оградата од мост, на порта или на друго јавно место, за тој да ја симболизира вечната љубов на парот. Нормално, на катанецот се напишани нивните две имиња.

1 2

Сличен мост постои и во соседна Србија во местото Врњачка Бања, каде што се тврди дека љубовните катанци започнале да се прикачуваат уште од Првата Светска војна. Приказната вели дека имало некоја учителка по име Нада, од Врњачка Бања, која се заљубила во српскиот офицер Реља. Откако се вериле, тој заминал во војна во Грција. Таму после извесно време запознал некоја жена од островот Крф, во која се заљубил и ја раскинал веридбата со Нада. Таа никогаш не се опоравила од ова и по извесно време починала како резултат на неостварената љубов. После тоа, младите девојки од ова гратче, сакајќи да си ги заштитат своите љубени, почнале да ги запишуваат нивните имиња на катанци и истите ги заклучувале на мостот каде што Нада и Реља порано често се сретнувале.

5

 

 

Facebook Коментари