Постојат многубројни теории поврзани со симболиката дување роденденски свеќички,а во стварност ниту една од нив не е докажана ,ама тоа што го знаеме е потеклото на навиката за дување роденденски свеќи.
Во древната Грција постоел фестивал по име Фестивалот на пролетта а се одржувал во чест на божицата Артемида – Божица на ловот,месечината,породувањето…
При тоа жените и носеле дарови на божицата Артемида во облик на торта од мед,а внатре се наоѓала свеќа чив пламен го симболизирал светењето на месечината.
Тортите во тоа време биле доста слични на овие денешните,но покрај нив како жртви се во ова древно време принесувале заклани кози.
Обичајот од древните Грци го раширил војсководецот Александар ширум тогашниот познат свет,а во популарната култура навлегол во поновата историја.
Многу древни култури верувале дека пламенот и чадот од свеќичките ги носи молитвите на небото.
Денешната традиција на замислување на желба пред да се дувнат свеќичките на тортата настанал исто така.
Да се прослави нечив ден на раѓање има смисла, а сега го знаете и потеклото на овие прослави.
Facebook Коментари