Лев банер Десен банер

Даниел Крег ќе го игра Џејмс Бонд за последен пат

После многу шпекулации во светската јавност за тоа дали актерот Даниел Крег повторно ќе ја игра улогата на тајниот агент 007, најпосле е разрешена мистеријата. Познатиот Крег се огласи со потврдна информација, но истакна дека последен пат ќе се најде во оваа улога

Британскиот актер информацијата ја потврдил во шоуто на Стивен Колбер.

– Мислам дека ова е тоа. Сакам да заминам со стил. Едвај чекам… Јас сум доста претпазлив во врска со тоа. Цел ден давав интервјуа, луѓето цело време ме прашуваа, а јас бев прилично резервиран. Но, чувствував дека ако веќе ја зборувам вистината, треба тебе да ти ја кажам – изјавил Крег за враќањето како Бонд по петти пат.
Следниот Бонд филм, 25-иот по ред , се очекува да излезе во ноември, 2019-та

 

error: