Денеска на небото се случува феноменот „ Супер Сина Крвава Месечина“

- Занимливо
1467

Денеска на небото  ќе се случи феноменот  наречен „Крвава Месечина“ кој најдобро ќе може да се забележи во  Нов Зелан и во поголемиот дел од Австралија и Централна и Источна Азија, како и делови од Европа и Блискиот Исток.

Оваа појава уште се опишува како помрачување на сината супермесечина, односно ќе се случи лунарно помрачување кое ќе предизвика Месечината да добие црвена боја.

Вечерва ќе се поклопат три небесни случувања, нешто што се нема случено последниве 150 години. Се очекува тоа да биде прекрасна ноќ за набљудување на Месечината.

До „сината“ Месечина доаѓа кога во истиот месец имаме две полни Месечини (првата беше на 1. јануари).

Полната Месечина секогаш има полна енергија, моќна е, креативна и опкружена со магија. Космичките енергии кои доаѓаат од сината или супер месечина неколку пати се помоќни од оние кои ги има обичната.

Оваа месечина е класифицирана како „супер“ кога е најблиску до Земјата и ќе биде за 30 отсто поголема и посветла на на небото.

 

Facebook Коментари