Џ.К. Роулинг e најбогатата позната личност во Европа

- Занимливо
1371

Писателката Џ.К. Роулинг е најбогатата позната личност во Европа според најновата листа на „Форбс“. Авторката на серијалот „Хари Потер“ годинава заработила дури 95 милиони долари, и е трета најбогата личност на светот.

На втората позиција на „Форбс“ листата се најде еден од најплатените и најпопуларните фудбалери во светот, Кристијано Роналдо, со заработка од 93 милиони долари.

Оваа славна и богата тројка се заокружува со групата Колдплеј“ со заработувачка од 88 милиони долари, а потоа следува пејачката Адел, која инкасирала 69 милини долари. Шестото местото го делат познатиот готвач Гордон Ремзи и пејачот Елтон Џон со заработка од 60 милиони долари годишно.

Facebook Коментари