Елтон Џон со проштална турнеја која ќе трае три години

- Занимливо
933

Eден од најпознатите музичари на денешницата, Елтон Џон , најавува проштална спектакуларна турнеја која ќе трае три години.

Елтон Џон е роден во 1947 година, во текот на својата 50 годишна кариера продаде повеќе од 350 милиони плочи. Познат е по својата хуманитарна дејност , а негова е и најпродаваната песна на сите времиња која ја посвети на принцезата Дајана.

На неговите настапи бројот на посетители стигнува до вртоглави бројки. Првиот концерт од неговата последна турнеја Farewell: Yellow Brick Road закажан е за 8-ми септември во Пенсилванија. Деталите за целата турнеа треба да бидат објавени наскоро.

Предвидено е да настапи во 300 градови во период од три години.

 

Facebook Коментари