Глобалниот хит „Деспасито“ забранет во Малезија

- Занимливо
905

 

На државните телевизии и радио станици во Малезија не се емитува светскиот хит „Деспасито“. Песната е забранета поради како што е наведено “срамните стихови во песната“. Забраната е официјална за државните медиуми, но и на приватните им се советува да ја применат истата пракса, односно да си воведат „автоцензура“.

Инаку, Деспасито е прогласена за најстримана песна, има 46 милијарди прегледи и е место број еден на топ- листите во 25 земји.

Неодамна беше објавено дека благодарение на овој глобален хит оживеа и економијата на Порторико, односно интересот за земјата се зголемил за цели 45%

 

Facebook Коментари