Интересни работи поврзани за животните
Нашите пријатели од животинското царство се доста интересни и за нив има преку илјадници податоци, а ова се дел од нив.
За почеток да кажеме дека 4. Октомври е светскиот ден на животните. Се одбележува помеѓу останатото да се скрене вниманието на загрозувањето на разни животни, и на оние видови кои веќе се во изумирање, за жал. Постојат многу несовесни луѓе кога станува збор за профит кои би убиле само за да заработаат. За сите нас 4. Октомври треба да е секој ден, треба да се престане со уништување како на животните така и на природата.
Еве неколку интересни податоци околу нашите пријатели од животинското царство:

Гризли мечките имаат толку развиен осет за мирис што можат да го намирисаат својот плен на оддалеченост од дури 30 километри.

Горилите можат да го научат јазикот на знаците, а горила која најмногу напредувала на ова поле била горилата Коко. Таа знаела на илјада знакови. На еден од нејзините родендени во 1985 година со знаци побарала мачка за поклон.

Крокодилите имаат толку јака желудочна киселина што можат да сварат шајка.

Змијата по име Копнен Таипан е најотровната змија на светот. Во еден угриз може да пушти толку отров доволно да убие над 100 луѓе.

Кучињата водичи кои се обучуваат за чување на слепите лица, дресирани се да ја слушаат и почитуваат секоја наредба на газдата. А ако осетат дека наредбата води до опасност нема да ја извршат.

Ракуните ја мијат храната пред да јадат.

Лилјаците спијат по 20 саати дневно, пак на жирафите им е доволно само два саати.
Шимпанзите и мравите покрај луѓето, се единствените животните кои водат војни.

Женката на врабецот е во состојба да најде седало од друга женка со која нејзиниот мажјак се парел, и да го распарчи и растури.

Најдолгиот лет на кокошката бил 13 секунди.

