iPhone 8 ќе има батерија како iPhone 7 Plus и изглед како iPhone 7

- Занимливо
701

Иако нема да биде претставен уште неколку месеци, секојдневно се појавуваат нови гласини за изгледот и спецификациите на iPhone 8. По новоста дека уредот ќе доаѓа со iris скенер сега е познат и капацитетот на батеријата на телефонот.

Физичките димензии на iPhone 8 ќе бидат слични како оние на iPhone 7, но капацитетот на батеријата ќе биде поголем, како кај iPhone 7 Plus. Шпекулираниот капацитет на батеријата на уредот е околу 2700mAh.

Се очекува iPhone 8/X да има 5.2 инчен екран. Иако дисплејот ќе биде поголем од оној на iPhone 7, благодарение на фактот што уредот ќе нема странични рамки, Apple ќе вметне поголем екран на телефон кој ќе биде голем колку iPhone 7. Истотака, компанијата планира да ја намали големината на некои од внатрешните елементи, со цел да добие простор за батерија со поголем капацитет. Покрај сето тоа, да не заборавиме дека смартфонот доаѓа со OLED дисплеј.

Иако батерија со поголема издржливост не е толку возбудлива особина, како екран без рамки или безжично полнење, тоа е една од клучните и поважни аспекти на секој смартфон.

Facebook Коментари